ИНФОБИТ д.о.о. Скопје
"Инфобит" е приватно претпријатие основано во Април 1992 година.
Основата на нашата работа во досегашниот период е новинско-издавачката и графичката дејност. Четиринаесет години редовно го издававме нашиот рекламно-пропаганден весник "Инфоберза". Вршиме припрема и печатење и на разновиден материјал за потребите на нашите нарачатели.
1. “ИНФОБЕРЗА“
"Инфоберза" беше независен весник. Првиот број излезе на 27.02.1993 година.
Весникот беше бесплатен - не се продаваше, излегуваше редовно секој понеделник и беше наменет исклучиво за правни субјекти - претпријатија, од сите дејности. Дистрибуцијата до корисниците се вршеше по пошта и преку шалтерите за платен промет на Тутунска банка, Силекс банка, Охридска банка, Инвестбанка, Македонска банка, како и во Македонската берза за хартии од вредност.
Весникот се покажа како исклучително добар комерцијалист.
Многумина велат дека нашиот весник беше барометар за состојбата на стопанството во Македонија.

Сега тој е трансформиран во електронско интернет издание, поставен на нашата Веб страна, под името "е-ИНФОберза".
врати се горе
2. "е-Берза", најголема берза на понуда и побарувачка во Македонија
Повеќе од 2000 фирми дадоа податоци за својата понуда или побарувачка. Дајте ги и Вие вашите податоци што нудите или барате и станете дел од најголемата берза.
Од сега тој сервис е трансформиран и во електронска форма достапен преку нашиот веб сајт како “e-Берза“.
Отарасете се од некои работи кои сте ги добиле во компензација или залудно Ви стојат на лагер.
Вашата понуда или побарување може да ни го испратите и по факс.
3. Вршиме поврат на ДДВ за одредени трошоци што нашите фирми ги направиле во странство, како и поврат на ДДВ за странските фирми од нашата Република. Наша цел е да станеме регионална репрезентативна агенција за поврат на ДДВ и за Република Србија, Црна Гора и Албанија.
4. Дизајн, подготовка и печатење
Технички и кадровски сме опремени и изверзирани во дизајнирањето и изработката на припрема, печатење на разни материјали за потребите на нарачателите. Доколку сакате, Ве молиме да ни овозможите прилика да Ви презентираме дел од дизајнираниот и печатениот материјал кај нас.
врати се горе