Инфобит интернет информатор е-информатор
Добредојдовте!
Конечно називот на нашата фирма ’Инфобит’, што значи: информирање во бит, од најмалата до најголемата информација, во целост ја одразува нашата дејност.
Овој сајт е резултат на долги размислувања, истражувања, подготовки, тестирања и, според нашиот заклучок, е најсоодветен модел и начин на комуницирање без ограничувања.
Тој е од два дела: затворен и отворен.
Затворениот дел е пристапен за сите оние кои сметаат дека нивниот бизнис има потреба од нов начин на директен интернет маркетинг, директно рекламирање, меѓусебно информирање.
Пристапот кон:
- Контакти Ви овозможува водење податоци за сите свои деловни партнери и лица за контакт, кои може да бидат од затворен, само за Вас, или отворен карактер, како и пристап до податоците кои се веќе внесени. Оваа опција Ви овозможува да ги заборавите досегашните нотеси, тефтери, адресари, телефонски именици и слични подсетници, затоа што сите тие податоци ќе бидат секогаш до Вас, било да се наоѓате во Вашата канцеларија или секаде каде што има интернет пристап.
- Пораки Ви овозможува праќање и примање пораки кон и од регистрираните членови. Секогаш кога ќе пристапите кон оваа страница, автоматски ќе бидете известени дали и колку пораки пристигнале во Вашето поштенско сандаче. Пораките се конкретни, тајни и може да ги прочита само тој на кого што е пратена, при што автоматски ќе бидете известени дали и кога пратената порака ја прочитал тој на кого е пратена. На пораките може веднаш "on line" да одговорите со што заштедувате на време и екстра трошоци. Во Вашето поштенско сандаче, на Ваше барање ќе Ви доставуваме информации за кои ќе не задолжите да ги истражиме или пронајдеме само за Вас.
- Белешки Ви овозможува да си го планирате Вашето идно време, активности, работни обврски, состаноци, да си водите белешки, потсетници и сл. Белешките се тајни, лични, никој друг не може да ги чита.
- Информации Ви овозможува да дознаете што има ново во светот на бизнисот преку соопштенијата што Инфобит ќе ги објавува, да дадете свое или да прочитате соопштение што некој друг го објавил. Соопштенијата се отворени, наменети за сите, може да се временски ограничени и по истекот на крајниот рок автоматски избришани, или повлечени од тој што ги објавил.
- Реклами Ви овозможува да дознаете што има ново во светот на бизнисот преку рекламите што ги објавуваат регистрираните корисници, да дадете свое или да прочитате соопштение што некој друг го објавил. Рекламите се отворени, наменети за сите посетители на сајтот, временски се ограничени на 15 дена и по истекот на крајниот рок автоматски избришани, или повлечени од тој што ги објавил.
Опциите Пораки и Информации Ви овозможуваат да се рекламирате директно на одредени или на сите корисници на нашиот сајт.
Од погоре изнесеното ќе согледате дека се потрудивме да Ви овозможиме одредени погодности за олеснување, поспешување, скратување на времето, намалување на трошоците на Вашето работење, а со тоа зголемување на Вашиот бизнис и приход.
Се надеваме дека го прифаќате нашиот предлог за идно работење. Во Ваш интерес е да го препорачувате секаде и секогаш кога ќе Ви се укаже прилика за тоа, затоа што на тој начин ќе го проширите Вашиот бизнис меѓу партнерите на Вашите партнери. Пријавете се!
Отворениот дел е пристапен за сите.
Од левото мени секој може да пристапи кон:
- Види Реклами, каде ќе дознаете што има ново во светот на бизнисот преку рекламите што ги објавуваат регистрираните корисници. Рекламите се отворени, наменети за сите посетители на сајтот, временски се ограничени на 15 дена и по истекот на крајниот рок автоматски избришани, или повлечени од тој што ги објавил.
- е-Инфоберза, електронското издание на весникот Инфоберза, поделен по рубрики и подрубрики согласно светските “В2В“ сајтови,
- е-Берза, најголемата база на податоци во Република Македонија, за тоа кој што нуди или бара, каде што може да најдете скоро се’ што Ви треба, особено кога Ве газат рокови,
- Поврат на ДДВ од странство, каде што фирмите кои направиле одредени трошоци во странство можат да најдат информации како да го повратат платениот ДДВ,
- Корисни линкови за врска со, според нас, најбитните сајтови за остварување на Вашиот бизнис.
- страните: Дома, За нас, Контактирајте не’ или Одмор и да погледнете дел од галеријата на слики на еден талентиран млад уметник.
- Англиската верзија на сајтот.
Инфобит го задржува правото да го надгледува користењето на овој сервис и, доколку утврди дека тој се злоупотребува или се користи за цели за кои тој не е наменет, да го ускрати правото за негово користење.
Инфобит интернет информатор - e-informator.
врати се горе |