МАКЕДОНСКИТЕ ФИРМИ - ДАНОЧНИ ОБВРЗНИЦИ МОЖАТ ПРЕКУ НАС ДА ГО ВРАТАТ ПЛАТЕНИОТ ДДВ ОД СТРАНСТВО
КОЈ МОЖЕ ДА ПОБАРА ВРАЌАЊЕ НА ДДВ ОД СТРАНСТВО?
Сите субјекти кои се регистрирани за ДДВ во Република Македонија можат да побараат враќање на платениот ДДВ во странство;
При тоа се применува даночното правило: оној што го остварува правото на враќање на претходниот данок за влезниот промет во нашата земја, истото право го остварува и за прометот примен во странство.
Прв услов е регистрација за ДДВ во сопствената земја. Регистрираноста за ДДВ се докажува со посебен формулар.
Втор услов е нашиот даночен обврзник да не врши промет (да не врши продажби) во таа земја, ниту да има таму подружница. Значи, во таа земја се прима само промет на добра и услуги за кои во таа земја на тамошните даночни обврзници им е дадено правото на одбивка на претходен данок.
врати се горе
КОИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА НИ ГИ ДОСТАВИТЕ?
1. Барање за враќање на ДДВ;
2. Фактурата-ите (оригинали) за набавеното добро или користената услуга во странство (задолжително го бараат сите земји), во кои е истакнат ДДВ како одделна ставка;
3. Документот (доказот) за извршеното плаќање. Овој документ го бараат само мал број земји и тоа само за плаќањата однапред (разни претплати и сл.).
врати се горе
ЗА КОИ ПРОМЕТИ МОЖЕ ДА СЕ ПОДНЕСЕ БАРАЊЕ?
Генерално, прометите за кои се остварува правото на враќање на платениот ДДВ, се:
- за и околу учество на саеми и други слични манифестации;
- за учество на симпозиуми, семинари и други форми на едукација;
- за гориво, резервни делови и помошни материјали за превозот на патници (автобускиот и сл.), како и поправките на превозни средства;
- за гориво, резервни делови и помошни материјали за превоз на добра; (камионскиот и сл. превоз), како и поправки на превозните средства;
- за научни, културни, уметнички, спортски, забавни и слични услуги, како и посредувањето со овие услуги;
- за помошни превозни услуги како натоварување, истоварување, складирање и сл.
- за услуги поврзани со недвижности во странство;
- закуп на деловен простор;
- закуп на простор за презентација;
- закуп на телефонски и сателитски линии;
- закуп на персонал;
- такси услуги,
- рент а кар;
- услуги на монтирање; и
- за други услуги, како и со нив тесно поврзан промет на добра, различни од земја до земја.
Во некои земји, на пример, не се враќа платениот ДДВ за хотелските сметки. Во други земји не може да се добие ДДВ назад за ресторантските услуги и за одредени забави и разоноди. Но, скоро во сите земји правото на враќање е исклучено за и околу прометот на патничките автомобили.
врати се горе
РОКОВИ И ДРУГИ ОГРАНИЧУВАЊА
Во различни земји се применуваат разни ограничувања:
- најчесто рокот во кој по одреден проток на време не може да се оствари правото на враќање на ДДВ;
- најмалиот износ искажан во фактурата за кој се враќа ДДВ; и,
- други административни ограничувања.
Најчесто и во најголем број земји е ограничен протокот на време, после кој не може да се оствари правото на враќање. Најчесто се применува следното правило: се извршува враќање само доколку барањето стигне (внимавајте: стигне, а не да е упатено) до даночните власти до 30 јуни во календарската година за прометите извршени во претходната година (изразено преку датумот на фактурата).
врати се горе
ШТО МОЖЕМЕ НИЕ ДА НАПРАВИМЕ ЗА ВАС?
Да го извадиме посебниот формулар.
Да ги испратиме документитте што ќе ни ги доставите, до соодветната управа на секоја земја одделно, заедно со барањето за поврат на ДДВ и да го следиме процесот до крај.
Надоместокот за нашиот ангажман зависи од бројот на држави од кои барате поврат и од висината на фактички повратениот ДДВ.
Доколку сте заинтересирани за враќање на платениот ДДВ во странство ЈАВЕТЕ СЕ!
врати се горе