Формирано пред повеќе од 15 години, претпријатието Венекс д.о.о. Скопје својата основна дејност ја започнува со трговија на големо со канцелариски потрошен материјал, за да во последните 5 години се профилира на македонскиот пазар со ексклузивно право за дистрибуција и пласман на целокупниот асортиман на производството на КМП (KMP PrintTechnik AG) Германија. КМП развива и произведува компатибилни додатни делови за печатари – инкџет кертриџи, ласерски тонери, рибони во боја, термо трансферни рибони (ТТР) за печатари на етикети и факс-машини, фото хартија и ОХП-фолии за повеќето печатари произведени од лидерските брендови како Hewlett Packard, Brother, Epson, Canon, Xerox и други....>>повеќе