Неоком е водечка компанија во Македонија во областа на информациската и комуникациската технологија. Основна дејност на компанијата е продажба на информациона и комуникациска опрема, асемблирање на персонални компјутери GALA и POLARIS, одржување и сервисирање на информациона и комуникациска опрема, обука и проектирање за информациски системи и комуникациска технологија. Развојот на сопствениот софтверски продукт за управување со документацијата NeoDoc е авторско дело и креација реализирана во последните 6 години.
Компанијата е основана 1990 година како акционерско друштво и во текот на 19-годишното постоење се здоби со углед и доверба не само локално, туку и во регионот.
Довербата кон НЕОКОМ од страна на корисниците и овозможи на компанијата долгогодишна соработка со следниве најголеми светски компании:
HP, Cisco, IBM, Samsung, 3COM, US Robotics, ISS, DTK, Fujitsu, RAD Data Communication, RiT, Ceragon, Powerware, Intel, OCE Printing Systems, Kern, Albatron, Infosec, Apacer, Computer Associates, Oracle, Autodesc, Microsoft, SuSe, PrintSoft, ABBYY, Alvarion, Tally-Genicom, Check Point и други.
.....>>повеќе
Неотел е една од најбрзо растечките текекомуникациски компании во Македонија на полето на интегрирани мрежни решенија за дигитална комуникација и системи за пренос на податоци.
Нашите активности се шират низ различните полиња на телекомуникациските и компјутерските мрежи, како и низ разновидните телекомуникациски услуги (интернет, фиксна телефонија, web и mail хостирање, безбедност и приватност во интернет светот, аудио и видео пренос на податоци и слично).
Како компанија константно се движиме напред во поглед на проширување на капацитетите, подобрување на изведбата, како и усовршување на можностите на нашата мрежа. За нас обезбедувањето на квалитетни, доверливи и сигурни услуги е главниот приоритет.
Нашиот фокус уште од почетокот беше насочен кон обезбедување на интернет услуги и податочно поврзување преку фиксиран безжичен систем и оптичка мрежа.
Денес покрај овие услуги ја нудиме и услугата фиксна телефонија, со додавање на податочни и видео услуги.
Спектарот на услуги кои ги обезбедуваме за нашите корисници се состои од:
- Интернет пристап со големи брзини со договор за ниво на услуга (SLA).
- Широкопојасен интернет пристап преку лиценцирана WiMAX Технологија
- Услуги на податочно поврзување шреку оптичка мрежа или безжични линкови во земјата, како и меѓународни изнајмении линии n x E1, E3, STM 1, STM 4, STM 16 и.т.н.
- SDH услуги за пренесување до било која дестинација
- Телефонски услуги, во земјата и надвор од неа
- Нудење на управувани услуги, за корисници кои имаат потреба од намалување на трошоците.
За бизнис корисниците нудиме професионални услуги кои гарантираат 99,5% достапност, со дефинирано време на одговор и време на отклон на прекини, кои се дефинирани во договорот за ниво на услуга (SLA). Нашата мрежа ја мониторираме проактивно на 24/7 основа.
.....>>повеќе
Дигит компјутерс е фирма за дистрибуција на мрежна опрема од повеќе брендови како што се PANDUIT, кабли BELDEN, ормари CONTEG. Посебна опрема за градежништво: сите видови црева, цевки и други материјали од светски познатата австриска фирма UNIVOLT. Исто така се бави и со продажба и сервисирање на компјутерска опрема на брендовите како: HP, LENOVO, EPSON, APC, SAMSUNG, LG и други. .....>>повеќе
Апликација за кадровска евиденција.
Апликација за деловодничко работење, е-архива.
Апликација за основни средства.
Апликација за евиденција на користење на службени возила.
Апликација за евиденција на телефонски разговори.
Апликација за евиденција на работно време. .....>>повеќе